wrapper

Флеш вести

Петок, 22 Јули 2016 18:37

После се што е сторено, ниту една од партиите потписнички на овој понижувачки" договор" не ја заслужува довербата на Македонскиот народ

" Договор" потпишан на туѓ јазик во екстра територијална институција е срамно и неприфатливо кршење на Македонскиот идентитет, Македонската самоопределба, на Македонскиот устав, сувереност, независност, и демократија, и како таков не смее да биде прифатен како важечки !

 

После се што е сторено, ниту една од партиите потписнички на овој понижувачки" договор" не ја заслужува довербата на Македонскиот народ и нема ниту политички, ниту уставен, ниту морален капацитет да ја избави Македонија од кризата која што токму тие четири партии и нивните лидери и ја наметнаа ! Со или без учество на "Македонски" преставници ,под будното око на меѓународни посредници, последиците од сите историски договори се подеднакво поразителни за Македонија и Македонците : "Сан Стефански"," Берлински", "Букурешки", "Охридски", "Пржински" сите до еден имаат туѓ хегемон, туѓ јазик, туѓи интереси и ќе биде така до недоглед се додека Македонскиот народ не сe разбуди, обедини, организира и почне да се однесува како неприкосновен господар на својата национална судбина !

 

Нестор Огинар