wrapper

Флеш вести

Четврток, 03 Ноември 2016 19:43

Огинар: Јас и ден денес, и покрај се, верувам дека Македонија каква што сите ја сакавме и сакаме сеуште тече во нашиот Македонски крвоток и не чека да и ја спасиме честа ,достоинството и иднината


Дали научивме нешто од нашето минато или пак ќе продолжиме да ги повторуваме истите грешки во недоглед? На политичката сцена во Македонија за последниве 26 години не постои ниту идеолошка "Десница" , ниту "Левица", ниту "Позиција", ниту "Опозиција",туку алчна ,криминална Глутница и безсрамна морална Блудница.
И денес, после се што видовме, чувме и доживеавме сите овие години, кога дозволувате во игра да се врати "Војводата" Љубчо, вие само му го продолжувате животот на режимот на Груевски , неговата партиска мафија и политичка коалиција . Кога Јуда повторно тропа на вашаа порта ,наместо да му отворите, запалете темјан и земете дренов стап во рака. Најновите игри и интриги на двојникот Георгиевски-Груевски се застрашувачко ехо на едно немило минато и преставуваат поразувачки показател дека на Македонската политичка сцена ништо се нема сменето од првиот ден на осамостојувањето.
Вратетесе назад во едно блиско-далечно минато кога новоослободената национална енергија на Македонскиот народ жеден за своја сопствена држава бликаше во нашиот Македонски крвоток. Потсететесе кој беше кој и што се беше сторено, и никогаш немојте да заборавите дека денес истите луѓе и истите партии повторно тропаат на подотворената порта на нашиот Македонски дом носејќи ги на своите безсрамни лица истите маски на "војводи","комити", "преродбеници", "партизани", "лидери" и "спасители" на Македонија што ја наследивме од нашие чесни претци.
На вас останува...или ќе им отворите, или ќе запалите темјан и ќе го грабнете дреновиот стап за да се одбраните!? Јас се разбудив од сонот на едно време кога заедно со многу од вас верував дека Македонија е на прав пат со прави луѓе.
Јас и ден денес, и покрај се, верувам дека Македонија каква што сите ја сакавме и сакаме сеуште тече во нашиот Македонски крвоток и не чека да и ја спасиме честа ,достоинството и иднината. Да, Македонија што тече во нашиот народен крвоток а не во вените на политичарите кои што 26 години живеат со транфузија на нечиста , туѓа крв .
 
Нестор Огинар 
 
 
 
 
 

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на