wrapper

Флеш вести

Петок, 16 Декември 2016 21:25

Вечерва не очекува метеорски дожд под полна Месечина

Вечерва после 20 часот би можеле да го видите метеорскиот дожд Геминиди со појава на 30 метеори на час.

Ако сте подготвени за малку помалку спиење и студено време, ноќва би можеле да го видите  метеорскиот дожд Геминиди. Ѕвездите што паѓаат дополнително ќе бидат осветлени од полната Месечина. 

Според пресметките на НАСА се очекува да се видат околу 30 метеори на час на небото.

Земјата вие денови минува низ мал облак на честички на прашина кои во атмосферата оставаат светли трагови.

Метеорскиот дожд Гемини важи за еден од најпоузданите роеви во поглед на бројот на метеори на час. 

РАдијантот на Геминидите е во истоимената соѕвездие Гемини (Близнаци), кое се појавува овие денови на источниот хоризонт околу 19 часот, но поволното набљудување ќе почне дури по 20 часот. 

Радијант е точката на небото од која метеорите се појавуваат привидно.