wrapper

Флеш вести

Вторник, 03 Јануари 2017 20:41

Антибиотик од природата: Направете лек од две состојки за бронхит и синусит

Еден од најстарите рецепти на светот е оној од Тибет, каде што тинктурата од лукот била најмоќен лек против разни болести.

Една од најздравите намирници на светот секако е лукот. Моќта на оваа билка во народната медицина се користи повеќе од 5.000 години. Еден однајстарите рецепти на светот е оној од Тибет, каде што тинктурата од лукот била најмоќен лек против разни болести.

За што се користи тинктурата од лукот?

- за намалување на холестеролот
- за јакнење на имунитетот и забрзување на метаболизмот
- за регулирање на крвниот притисок
- против астма и белодробни болести
- за лекување на хроничните воспаленија на синусите
- против сезонски алергии
- против гастритис
- против разни воспаленија (природен антибиотик)

Направете тинктура од лук

Состојки:

- 350 г домашен лук
- 2 дл медицински алкохол

Постапка:

Лукот излупете го па насечете го на парченца. Теглата со капак добро измијте ја и провријте ја. Кога ќе се исуши, во неа ставете го лукот, а потоа алкохолот. Теглата затворете ја и ставете ја во фрижидер. Секој ден барем еднаш протресете ја теглата, но оставете ја затворена 10 дена. Потоа, процедете ја мешавината па прелијте ја назад во теглата и ставете во фрижидер.

Како да се пие тинктурата од лук?

Тинктурата во облик на капки се става во водата и се пие околу 15 минути пред појадокот, ручекот и вечерата.

1 ден: 1 капка пред појадок, 2 капки пред ручек и 3 капки пред вечера.

2 ден: 4 капки пред појадок, 5 капки пред ручек и 6 капки пред вечера.

3 ден: 7 капки пред појадок, 8 капки пред ручек и 9 капки пред вечера.

4 ден: 10 капки пред појадок, 11 капки пред ручек и 12 капки пред вечера.

5 ден: 13 капки пред појадок, 14 капки пред ручек и 15 капки пред вечера.

6 ден: 15 капки пред појадок, 14 капки пред ручек и 13 капки пред вечера.

7 ден: 12 капки пред појадок, 11 капки пред ручек и 10 капки пред вечера.

8 ден: 9 капки пред појадок, 8 капки пред ручек и 7 капки пред вечера.

9 ден: 6 капки пред појадок, 5 капки пред ручек и 4 капки пред вечера.

10 ден: 3 капки пред појадок, 2 капки пред ручек и 1 капки пред вечера.

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на