wrapper

Флеш вести

Среда, 08 Март 2017 22:17

ЈАПОНЕЦ ЈА НАПРАВИ НАЈПРЕЦИЗНАТА ГЕОГРАФСКА КАРТА НА СВЕТОТ

Јапонскиот архитект Хаџиај Нарукава тврди дека нашол решение на вековниот проблем – како да се направи сплеснат сфероид на Земјата на рамна рамнина.

Тој тврди дека картата на светот која сам ја дизајнирал и нарекол AuthaGraph, ја постигнува оваа задача, и со гордост може да каже дека тоа е најпрецизната карта на нашата планета.

Проекцијата е создадена за првпат во 1999 година, со кадрирање на физичките компоненти на земјината топка во 2D правоаголник, обидувајќи се да ги претстави релативните големини што е можно попрецизно. Ова се постигнува со поделба на светот на 96 триаголници, префрлени во тетраедар кој се разгранува во правоаголник.

За разлика од традиционалната Mercator катра направена во 16 век, која претерува со големината на северните региони, како Гренланд, а ја минимизира онаа на централните области, како Африка, картата AuthaGraph го задржува паритетот на површина кон 3D проекцијата.

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на