wrapper

Флеш вести

Сабота, 18 Април 2015 20:30

Суеверие и Празноверие по интернет - Нашиот народ верува дека некои појави можат да ги предвидат настаните кои следуваат

Постојат голем број на непишани правила кои се однесуваат на нешта кои можат да донесат несреќа или среќа. Во зависност од тоа колку сте суеверни, вие ќе се повикате на одредени “правила”.

Колку пати само сте слушнале “мрдни се од место” или “чукни во дрво”? Следат некои од необичните и со децении стари народни верувања во кои повеќето луѓе сакале тоа да го признаат или не, сепак веруваат.

1. Не оставајте недовршен пијалок во гости, така им оставаш кавга во куќата.

2. Кога ластовичката ќе го свие гнездото на покривот на куќата, во таа куќа ќе дојде мир и спокојство.

3. Што сонуваш првата вечер во новиот стан, ќе ти се исполни. Исто така, кога за прв пат ќе спиеш во туѓ кревет, запомни што си сонувал, тоа ќе ти се наполни.

4. Ако рано наутро ти се случи некаква непријатност, тој ден не започнувај ништо важно.

5. Каде масата се ниша, во таа куќа жената го има последниот збор.

6. Кога гостин ја напушта куќата, а при тоа не седнал, се верува дека ќе го однесе мирот од куќата. Исто така, каде има женско дете, гостинот треба да седне бар на пет минути.

7. Скршена чаша – ако во куќата се искрши чаша, тоа укажува на среќа.

8. Кога за прв пат ќе го земате вашето бебе во рацете, замислете желба. Во рок од една година, желбата ќе ви се исполни.

9. Јајце со две жолчки значи дека наскоро ќе се венчате, црните точки на жолчката се лош знак, а јајце без жолчка претставува многу лош знак и голема катастрофа.

10. Кога ќе видиш пајак на себе, на својот костум, те чека неочекувана среќа.

11. Ако гавран лета над твојата куќа и при тоа грака, пазете се од несреќата.

12. Кога ќе му помогнеш на кучето, мачката или на било кое друго животно во неволја, добротворноста ќе ти се врати.

13. Првата темјанушка која ќе ја најдеш во пролет, изеди ја – твоите најмили ќе те сакаат во текот на целата година.

14. Истурено кафе – ако ви се истури кафето дома, тоа претставува брза добивка.

15. Не треба да се менува вереничкиот прстен, да не се случи пресврт во животот.

16. Ако нечие куче лае пред твоја куќа, тоа е предзнак на среќа, и кучето не треба да се брка оттаму.

17. Ако испуштите нож од раце, ќе дојде некој маж во куќата. Спротивно на тоа, ако испуштите вилушка, ќе дојде некоја жена.

18. Облека на маса – ако се стави на маса нешто од облека или обувки, некој ќе се разболи.

19. Ако се спомнува некоја несреќа, болест или некоја лоша работа, треба да се поместите од местото – за да не ја доживеете истата судбина.

20. Скрстени раце – не треба да се седи со скрстени раце во куќата, бидејќи тоа ја претскажува несреќата или тагата.

21. Кога некој во куќата оди на долго патување, не е добро тој ден од куќата ништо да се даде на заем, бидејќи патот за тој патник ќе биде многу несреќен.

22. Кој пие кафе од оштетена чаша, ќе се омажи за вдовец или ќе ожени вдовица.

23. За да има во куќата пари, држете метла со дршката свртена надолу.

24. Кога на патот ќе ти налета куче, работите ќе ги извршиш успешно.

25. Не е добро да се јаде храна од нож или да го лижете ножот – ќе се разболите.

26. Ако пронајдете потковица цела или во делови, тоа ветува среќен и многу корисен ден.

27. Ако девојка подари часовник на маж, или обратно , за нив времето ќе застане – им следи раскинување.

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на