wrapper

Флеш вести

Среда, 22 Април 2015 20:03

СПАНКОВЦИ ЧУВАЈТЕ СЕ: Многу спиење го загрозува здравјето!

Лекарите постојано укажуваат на тоа колку квалитетниот сон е важен за имунитетот и регенерацијата на организмот, но истражувањата покажуваат дека многу спиење не е здраво. Велат научниците од Универзитетот во Кембриџ.

Истражувањето спроведено на 10 000 испитаници на старост од 42 – 81 година покажуваат дури дека е поопасно да се спие премногу отколку премалку. Пратејќи го здравјето на испитаниците во текот на 10 години, научниците утврдиле дека луѓето кои спијат повеќе од осум часа дневно два пати го зголемуваат ризикот од мозочон удар. Опасноста по здравјето особено е изразена кај постари жени. Испитаниците кои спијат помалку од шест часа дневно изложени се 18% на поголем ризик на мозочен удар.

На научниците и понатаму не му е јасна врската меѓу предолгото спиење и ризикот од болести па затоа се предвидуваат нови истражувања кои ќе се занимаваат со оваа проблематика. Пред се треба да се потврди дали долгото спиење е симптом на болест, односно ран показател за кардиоваскуларен проблем.

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на