wrapper

Флеш вести

Месечината е небеско тело најблиску до Земјата и нејзиното влијание на лугето е доста големо. Таа најголемо влијание има кога е млада и полна, што е случај вечерва.

Пршутата, чадената шунка, сланината, колбасите и другите месни производи го зголемуваат ризикот од настанување на рак на желудникот.

Испрскајте со оваа смеса и никогаш повеќе нема да видите мравки во вашиот дом:

Климатските промени претставуваат најголема закана за неколку најпопуларни знаменитости во светот, вклучувајќи го Статуата на слободата.

Модерната култура е исполнета со светликави, но плитки ветувања за среќата и задоволството. Масовните медиуми ни кажуваат дека ако сме богати, имаме поубава и поголема куќа полна со секакви нешта, имаме убав автомобил, ако сме вечно млади, со витка фигура и добро облечени дека ќе бидеме среќни и задоволни.

- Како функционира овој необичен изум?

Се работи за ЗАФИР, човек роден во Шопско Рударе (Кратово), во маалата Грозданови, во близина на локалитетот Цоцев камен. Не е познато кога се родил и кога умрел, но дедо Савко Арсовски кажува дека живеел во „бугарско време“, некаде меѓу двете светски војни, пред 90-тина години.

о соработката на деветтата и десеттата епизода од четвртата сезона од популарната серија „Game of Thrones", македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х, како соработници на Digital Symphony, учествуваа во креирањето на анимацијата и визуелните ефекти во седмата и осмата епизода од шестата сезона, насловени „The Broken Man“ и „No One".

Природна заштита од угризи од комарци нуди витаминот B1, познат како тијамин. B1, може да го промени приронио мирис на вашето тело и да ве направи понепримамливи за комарците.

Користејќи ја невнимателноста на својата мајка, момчето се искачило на оградата и паднало во три метри длабокиот простор на Зоолошката градина.

 

Мајката на тригодишното дете кое падна меѓу горилите во Золошката градина во американскиот град Синсинати, нема да биде обвинета, соопшти државното обвинителство.

Користејќи ја невнимателноста на својата мајка, момчето се искачило на оградата и паднало во три метри длабокиот простор на Зоолошката градина, каде се наоѓале горилата.

Безбедносните служби на градината го застрелаа 17 години стариот мажјак кој го грабнал детето и десетина минути го влечел низ просторот, објаснувајќи ја таквата постапка со стравот дека големото диво животно ќе го убие детето.

Инцидентот се случи минатата недела и предизвика различни коментари во американската јавност.

Поголемиот дел од јавноста го оправдуваа реагирањето на чуварите кои го застрелале горилото, но активистите за заштита на животните сметаат дека ваквата одлука на управата на Зоолошката градина била избрзана.

Според нивното објаснување, анализата на снимките од безбедносните тв-камери во градината покажува дека горилото не го повредило детето. Тоа по прегледот во болница, било пуштено на домашно опоравување.

Активистите исто така бараа одговорност и обвинување за мајката за „негрижа кон сопственото дете“.

Во објаснувањето на Обвинителство се вели дека против мајката нема да биде покренто обвинување, затоа што водела грижа и за други три нејзини деца кои исто така биле со неа во Зоолошката градина.

 

Фото: John Minchillo, The Associated Press

Страница 10 од 44

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на